За нас...
Прекрасен дискретен и релаксирачки амбиент
Врвни третмани и техника
Мотивиран персонал
Најдобри цени
Нашата визија, мотивација и краток историјат
Sensy Care е основан во 2022-та година во населба Аеродром – Скопје, како современ модерен салон за убавина кој нуди спектар на услуги за нега и разубавување на жените.
Sensy Care е место каде што секоја девојка/жена е добредојдена и каде што може да си пружи услуги од областа на маникир, педикир, депилација, третмани на лице и третмани на тело. Место каде што можете да очекувате се што ви е потребно за да бидете негувани, задоволни и убави.
Нашата долгорочна мотивација и визија е да создадеме бренд познат по својот квалитет и одлични пакети и цени, на кој секогаш ќе се присетите кога ќе Ви биде потребна козметичка услуга или третман.
Со задоволство Ве очекуваме, а Вие очекувајте убав, пријатен и релаксирачки амбиент, хигиена на високо ниво, љубезен, мотивиран и стручен персонал кој со квалитетни производи и апарати ќе се погрижат за Вас и Вашиот изглед.
Бидете сигурни дека тимот на Sensy Care ќе се погрижи да ја истакнете својата убавина и да бидете најдобрата верзија од себе си!
Ви благодариме за досегашната доверба…
Која е твојата возраст си е твоја работа... колку убаво изгледаш е наша...