Dermo Oxy – Кислороден третман за лице

Што претставува третманот „Dermo Oxy“?

Dermo Oxy – кислородниот третман е напреден технолошки систем за снабдување на кожата со кислород. Со овој неинвазивен третман се овозможува дермоинфузија на висока концентрација на чист кислород заедно со останатите активни супстанции. Како резултат на ова, состојките се инфилтрираат длабоко во кожата, со поголеми концентрации. Кожата постанува хидрирана, видно подмладена, сјајна, а тенот изедначен.

Овој третман се препорачува, бидејќи со тек на годините, снабдувањето на кожата со кислород се намалува, а исто така големо влијание има и загадената животна средина и неправилните животни навики.

Ефектите кои се постигнуваат со овој третман се: Хидратација, детоксикација на кожата, зајакнување на крвните садови, редукција на бори, слаб тонус, третман на хиперпигментации.

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Најдобар ефект се постигнува доколку се направи серија на 4 до 6 третмани на растојание од 7 дена, а резултатите се видливи и после првиот третман – кожата станува освежена и сјајна.

Идеално се комбинира и дава одличен резултат со другите третмани за нега на лице: Дијамантска микродермоабразија, ултразвучна шпатула, ултразвучен радиофреквентен лифтинг на лице, врат и деколте.

За најпрецизни консултации, Ве советуваме да се посоветувате со стручен терапевт во нашиот Sensy Care центар во Аеродром, Скопје, кој ќе може да Ви даде прецизни и точни совети и да Ви помогне да одредите колку третмани се потребни за Вашата конкретна состојба со кожата на лицето.

Цена на третманот

Цената на третманот Dermo Oxy во Sensy Care центарот изнесува 2500 денари.

Сепак, во зависност од моменталната состојба со кожата на Вашето лице и Вашите идеи и потреби за Кислородниот третман Dermo Oxy, Ве советуваме да се јавите на телефонските броеви 070311194 или 071364440 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманите, како и за пакетите и попустите кои што се постојано актуелни во Sensy Care салонот за убавина.