Што претставува Endola третманот?
ENDOLA е револуционерен апарат за обликување на лице и тело, кој ги комбинира најефикасните и клинички докажани технологии со цел постигнување видливи, сигурни и долготрајни резултати.
Благодарение на напредниот систем што интегрира HIFU, RF енергија, инфрацрвен ласер, автоматски ролер и импулсен вакуум ендо систем, Endola нуди сеопфатни решенија за широк спектар естетски потреби – од редукција на масни наслаги и целулит, до затегнување и регенерација на кожата.

Напредна технологија во служба на убавината
Endola користи високоинтензивен фокусиран ултразвук (HIFU) кој делува на длабочина од 4 до 13 mm, таргетирано оштетувајќи ги мембраните на масните клетки и поттикнувајќи нивно разградување.
Инфрацрвената светлина ја зголемува клеточната енергија и микроциркулацијата, додека RF енергијата ги активира фибробластите и го стимулира ремоделирањето на колагенот.
Комбинацијата на инфрацрвен ласер и RF енергија ја подобрува интрацелуларната дифузија на кислород, а механичката стимулација на сврзното ткиво преку автоматски ролер и вакуум обезбедува изразен лифтинг и затегнувачки ефект.
Сигурно. Неинвазивно. Ефикасно.
Endola овозможува целосно неинвазивни третмани, без болка и без потреба од период на опоравување, со индивидуално прилагодени протоколи за третмани на лице и сите региони на телото.
Цена на третманот
Цената на Endola третманот за лице и тело во Sensy Care салонот за убавина е следна:
