HIFU – третман за лице

Што претставува третманот за лице „HIFU“?

HIFU (High-Intensity Focused Ultrasound) е процедура на третман за лице која користи ултразвук за поттикнување на производство на колаген, а со самото тоа освежување, затегнување и подмладување на кожата на лицето. Технологијата го користи ултразвукот за таргетиран фокус на длабинските слоеви на кожата, за подобрување на тонусот и структурата на кожата. Го стимулира природниот колаген и резултира со подобрена еластичност и видливо подмладена кожа. Ја елиминира појавата на брчки и значајно ја намалува опуштеноста на третираната регија.

Колку третмани се потребни за успешен резултат?

Бројот на третмани потребни за успешен резултат со HIFU обично зависи од индивидуалните карактеристики на кожата и почетната состојба на кожата на лицето. Кај најголем број на клиенти првите резултати се видливи непосредно после третманот, додека кај други можеби ќе бидат потребни повеќе третмани за посакуваните резултати. Во просек може да се направат до 5 третмани во растојание од 1,5 месеци и со тек на време доаѓа до создавање на нов колаген кој ја прави кожата затегната и еластична. Резултатите може да траат една до две години. Се препорачува консултирање со стручен козметички терапевт во нашиот салон за убавина за да се добие точна проценка за Вашите потреби.

Цена на третманот

Цените на третманот за лице HIFU во Sensy Care центарот се следни:

  • Hi Fu лифтинг (врат, лице, чело) – 10000 денари

Во зависност од моменталната состојба и Вашите идеи и потреби за HIFU третманот, Ве советуваме да се јавите на телефонските броеви 070311194 или 071364440 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманите, како и за пакетите и попустите кои се постојано актуелни во Sensy Care салонот за убавина.