Што претставува поимот „Ладна депилација“?
Ладната депилација обично се однесува на методи на третмани за отстранување на непосакуваните влакна во кои се користат специјални техники без примена на топлина. Примери за ладни методи на третмани за депилација вклучуваат користење на восок или епилатори при што не се користи топлина или ласерски зраци.
Најчестите методи на третмани за ладна депилација вклучуваат користење на ладен восок или користење на епилатори кои ги отстрануваат влакната без топлина. Овие методи се користат за отстранување на влакната и остварување на глатка, нежна и мека кожа без употреба на топлина, што ги прави идеални за луѓе со чувствителна кожа, а и воопшто се изолирани потенцијалните ризици поврзани со топлината.

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?
Вообичаено успешен резултат е видлив веднаш по првиот третман. Сепак, бројот на третмани потребни за комплетен 100% резултат на ладната депилација може да варира од човек до човек и зависи од неколку фактори, вклучувајќи го типот на кожа и влакна, како и методата која се користи. Обично, за да се постигне долготраен резултат, ќе биде потребно повеќе од еден третман.
Третманите со ладен восок, на пример, треба да се повторуваат на секои 2 до 3 недели, бидејќи влакната растат во различни циклуси и различни влакна ќе бидат во различни фази на раст во различен период.
За најпрецизни информации, најдобро е да се консултирате со стручен терапевт во нашиот Sensy Care центар во Аеродром, Скопје, кој ќе може да Ви даде прецизни и точни совети и да Ви помогне да одредите колку третмани се потребни за Вашиот конкретен случај.
Цена на третманот
Цената на третманот за ладна депилација во Sensy Care центарот е во зависност од која регија ќе се третира:
- Ладна депилација на цели нозе – 800 денари,
- Ладна депилација на пола нозе – 600 денари,
- Ладна депилација на раце – 450 денари,
- Ладна депилација на стомак/половина/задник – 200 денари,
-
на цело лице (без веѓи) + маска за смирување – 500 денари,
-
обликување на веѓи – 300 денари,
-
Пакет депилација: нозе, раце и интима – 1800 денари.
Во зависност од моменталната состојба и Вашите идеи и потреби за депилација, Ве советуваме да се јавите на телефонските броеви 070311194 или 071364440 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманите, како и за пакетите и попустите кои се постојано актуелни во Sensy Care салонот за убавина.
