Маникир третмани за нокти

Што е „Маникир“?

Маникир е третман за уредување и одржување на ноктите, како и делот на кожата околу ноктите. Ова може да вклучува сечење, мазнење, цртање, боењe, прилагодување и декорирање на ноктите. Маникирот се изведува во салони за убавина и обично вклучува неколку чекори како што се средување на ноктите, пилинг, нанесување на лак за нокти и украсување.

Колку третмани се потребни за успешен резултат?

Бројот на третмани за успешен маникир зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја почетната состојба на Вашите нокти и тоа каков вид на маникир или нега на ноктите сакате да постигнете. Во наједноставни случаи, еден маникир третман може да биде доволен за добар резултат и убав изглед на ноктите.
 
Сепак, ако вашите нокти имаат посебни потреби или проблеми, како што се слаби нокти, оштетени нокти или други состојби, можно е да биде потребно повеќе третмани за да се постигне успешен резултат. Тоа обично зависи од индивидуалните потреби и цели на клиентот, а нашиот козметички терапевт за нокти може да Ви даде подетални информации за бројот на третмани потребни согласно Вашите идеи.

 

Цена на третманот

Цените на третманот за нокти „Маникир“ во Sensy Care центарот се следниве:

  • Класичен маникир – 800 денари
  • Маникир со лакирање – обичен лак – 850 денари
  • Маникир со гел лак – 900 денари
  • Гел техника на свои нокти – 1200 денари
  • Корекција гел техника – 1000 денари
  • Вадење гел – 300 денари
  • Типсови – 1300 денари
  • Гел наливни – 1500 денари

Во зависност од моменталната состојба и Вашите идеи и потреби за маникир третманот за нокти, Ве советуваме да се јавите на телефонските броеви 070311194 или 071364440 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманите, како и за пакетите и попустите кои се постојано актуелни во Sensy Care салонот за убавина.