Вакум Масажа

Што претставува третманот “Вакумска масажа”?

Третманот “Вакумска масажа” е процедура која користи специјални уреди за создавање на негативен притисок или вакум на кожата и ткивата. Процедурата може да има разни цели и предности, како што се подобрување на циркулацијата, подмладување на кожата, намалување на целулитот и опуштање на мускулите.

Вакумската масажа може да се користи и во физиотерапија за третман на болки и повреди.

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Бројот на третмани потребни за успешен резултат со вакумска масажа може да варира значително во зависност од неколку фактори, вклучувајќи го видот на третманот, типот на кожата, целите на третманот и постојаноста на третманите. Обично се препорачува серија од повеќе третмани за постигнување на најдобрите резултати, а најчесто вакумската масажа се комбинира во пакет третмани заедно со Кавитација и Радиофреквенција за тело.

За козметички третмани за намалување на целулитот или подмладување на кожата, може да се повторуваат од 6-10 третмани, со интервали од неколку денови или недели помеѓу нив заради постигнување на одлични резултати. Физиотерапевтските третмани можат да бараат повеќе или помалку сесии, во зависност од природата на вашата состојба или повреда.
 

Ве советуваме да се консултирате со нашите козметички терапевти кои ќе можат да ги оценат Вашите потреби и очекувања и да Ви дадат точни препораки за бројот и интервалите на третманите или за пакетите кои најмногу би одговарале согласно моменталната состојба и идеи.

Цена на третманот

Цената на третманот „Вакум масажа“ во Sensy Care центарот е во зависност од пакетот во кој вакум масажата ќе се користи:

  • Вакум масажа – 30 мин. – 1000 денари, 40 мин. – 1300 денари

Во зависност од моменталната состојба и Вашите идеи и потреби за Вакум масажа, Ве советуваме да се јавите на телефонските броеви 070311194 или 071364440 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманите, како и за пакетите и попустите кои се постојано актуелни во Sensy Care салонот за убавина.